ЕКИПА во Малта
Горан Бошев
Македонскиот национален тим вечерва го игра петтиот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година. Избраниците на Благоја Милевски ќе останат во игра за второто место само ако вечерва ја совладаат селекцијата на Малта, аутсајдерот во групата.
Од друга страна, пак, Малта токму во Македонија ја гледа шансата за првите бодови во групата, имајќи во предвид дека во Скопје, Малта добро ги намачи нашите фудбалери.
А, што вели историјата? Во досегашните пет натпревари, Македонија четири пати славеше над Малта. Од тие пет мечеви, три се во рамките од квалификациите, и во сите три нашата селекција остварила триумф. Малта има само едно реми против Македонија. Во 2010 година во август во пријателски меч, двете селекции одиграа 1:1.
Првиот меч овие две селекции го одиграа во далечната 1996 во март, кога Македонија славеше 1-0. Потоа во ноември истата година на гости Македонија ја совлада Малта со 2-0. Следуваа квалификации за пласман на ЕП 2000 година, во кои дома славевме 4-0, а на гости 1-2.
Пријателскиот натпревар во 2002 година Македонија го реши во своја корист со победа од 5-0, а во 2010 беше единственото реми. И оној последниот меч во овие квалификации кога Македонија славеше со 2-1, со головите на Елмас и на Чурлинов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА