Четири скокалници: Камил Штох најдобар и во Гармиш

Полскиот натпреварувач Камил Штох е победник и на втората станица од традиционалната новогодишна турнеја во скијачки скокови „Четири скокалници“, што денеска се одржа во Гармиш – Партенкирхен. Тој славеше со скокови од 135,5 и 139,5 метри и беше подобар од второпласираниот Ричард Фрајтаг од Германија.

kamil stoh 2

На третата позиција се пласираше Норвежанецот Андерс Фанемел.

Штох е само третиот ски-скокач кој во последните 12 сезони на оваа традиционална турнеја успеал да победи на првите две натпреварувања. Полјакот беше најдобар и на првата етапа во Оберсдорф. Натпреварувачките сега се селат во Австрија и ќе имаат уште две натпреварувања, во Инсбрук и во Бишофсхофен.

 

Се вчитува...