Македонскиот прволигаш Шкупи денеска ги потврди трансферите на четири нови интернационалци. Станува збор за еден повратник и тројца кои за прв пат ќе го облечат „сино-белиот“ дрес.
Повратникот е добропознатиот интернационалецот од Руанда, Абдул Руатубјаје кој ги бранеше боите на скопјани од јануари 2021 до август 2022 година. Во овој период одигра 33 натпревари, постигна четири гола и забележа две асистенции.
Нови засилувања се: Жоан Симун Едмундсон кој со себе носи и богато искуство во Чаир со настапи за клубови како Беверен, Билефилд, Однесе…, Бразилецот Виктор Де Оливиеира која ја покрива крилната позиција и ќе остане дел од тимот две сезони и Ганецот Емануел Аворнјо кој го засили нападот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА