Германскиот првак Баерн Минхен се соочува со многу проблеми оваа сезона во Бундес-лигата, а најновото реми против Фрајбург (1-1) на „Алијанц арена“ повторно ги разбуди духовите. Баварскиот тим заостанува зад Борусија Дортмунд на табелата, а магазинот „Кикер“ излезе со шокантни информации дека четири суперѕвезди сакаат да го сменат тренерот Нико Ковач.
Ветераните Арјен Робен и Франк Рибери, како и германските репрезентативци Матс Хумелс и Томас Милер, не се во најдобри односи со Нико Ковач. Тие и јавно ја критикуваа неговата работа, а оваа сезона играат далеку под очекувањата и нивното реноме.
Претстојниот викенд Баерн Минхен ќе го игра големото дерби против Борусија Дортмунд, а најавите од Германија велат дека и во случај на пораз, раководството нема да му даде отказ на Нико Ковач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА