Македонскиот шампион Шкендија го подготви планот на пријателските натпревари во рамките на подготовките за квалификациите во Лигата на Шампионите.
Тетовци на 15. јуни ќе ја чекаат ждрепката за стартното квалификациско коло, по што ќе стартуваат и тестовите за европското лето.
Првиот пријателски натпревар Шкендија ќе го игра на 16. јуни против Приштина во главниот град на Косово. На 21. јуни во Скопје ќе се игра дуелот со Шкупи, а на 25. јуни во Охрид е пресметката со албанскиот тим Љачи. На 29. јуни во Банско, Бугарија, македонскиот шампион ќе тестира и со ЦСКА Софија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

