Дисциплинската комисија на Француската фудбалска федерација казни четворица играчи на Пари Сен Жермен со условни суспензии од еден натпревар.
Причината се навредливите скандирања против играчите на Олимпик Марсеј по завршувањето на првенствениот натпревар.
Усман Дембеле, Ашраф Хакими, Рендал Коло Муани и Левен Курзава беа испрашувани од комисијата откако беа снимени како ги навредуваат играчите на Олимпик по победата од 4-0 минатиот месец. С
На тој меч навивачите на парискиот клуб извикуваа хомофобични пароли кон противничките фудбалери, за што Пари Сен Жермен беше казнет со затворање на дел од трибините на два меча.
Францускиот закон предвидува затворска казна до една година и парична казна од 45.000 евра за навреда на хомосексуалци на јавно место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА