УЕФА отвори случај против неколку играчи на Реал Мадрид по натпреварот со Атлетико од Лигата на шампионите.
Европската куќа на фудбалот назначи етички и дисциплински инспектор да ги истражи наводите за несоодветно однесување на играчите на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, Килијан Мбапе, Дани Себаљос и Винисиус Јуниор за време на реваншот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид на 12 март 2025 година.
Да потсетиме, Реал го доби првиот натпревар на домашен терен со резултат 2:1. Во реваншот по регуларните и продолженијата победи Атлетико (1:0). Во пенал рулетот „кремастите“ беа попрецизни – 4:2.
Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус, откако беше заменет во продолженијата, им покажа на навивачите на Атлетико дека неговиот клуб има 15 трофеи во Лигата на шампионите, додека тие имаат 0. По натпреварот, Бразилецот пред делот на ривалските навивачи на својата јакна го покажуваше логото на клубот и провоцираше.
Мбапе му ја украде топката на Маркос Љоренте додека се обидуваше да го деконцентрира Антонио Рудигер пред одлучувачкиот удар од белата точка – Французинот доби жолт картон за своите постапки. И играчите на Реал Мадрид го пародираа Германецот по победата над Атлетико – Мбапе, Џуд Белингем и други трчаа по Антонио, кревајќи ги високо колената, и имитирајќи го познатото трчање на Германецот по решавачкиот пенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА