Четворица фудбалери на актуелниот европски и светски првак Реал Мадрид, кој изминатата година освои дури пет трофеи, се наоѓаат во најдобриот тим за 2017 година, во изборот на влијателниот француски медиум „Л’Екип“. Добитникот на „Златната топка“, Кристијано Роналдо, капитенот Серхио Рамос, левиот бек Марсело и играчот за врска Лука Модриќ се најдоа меѓу најдобрите единаесетмина.
Во дрим – тимот на „Л’Екип“ се наоѓаат: Буфон (Јувентус), Дани Алвеш (Јувентус/ПСЖ), Хумелс (Баерн Минхен), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Марсело (Реал Мадрид), Канте (Челси), Модриќ (Реал Мадрид), Меси (Барселона), Нејмар (Барселона/ПСЖ), Роналдо (Реал Мадрид), Кавани (ПСЖ).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА