Четворица навивачи уапсени поради нередите во Рим

Четири лица, најверојатно навивачи на Славија, Прага се уапсени поради синоќешните судири на мечот со Рома во Рим, кој заврши во корист на италијанскиот тим со 2-0.

„Тутоспорт“ објави дека четворицата фанови се приведени пред да влезат на стадионот „Олимпико“ по физичката пресметка на навивачите со полицијата. Во судирите со гостинските навивачи, тројца полицајци биле повредени. Инцидентите се случиле во центарот на Рим, додека фановите со полициска придружба биле носени до стадионот.

Тензијата продолжи и на самиот стадион, затоа што навивачите успеаја да го пробијат безбедносниот кордон. Двајца од нив запалиле и многу пиротехнички средства. Навивачите на Славија исто така беа гневни поради тоа што не им беше дозволено да направат кореографија пред самиот меч. Имаше и нереди на трибините на стадионот.

Се вчитува...