Сериозен скандал го тресе Реал Мадрид и шпанскиот фудбал откако шпанската полиција вчера уапси четворица играчи на „кралевите“ под сомнеж за споделување сексуално видео со малолетничка. Не станува збор за членови од првиот тим, туку за играчи од младинските категории.
Првично беше објавено дека се тројца фудбалери уапсени, но се покажа дека се четворица, а нивниот идентитет медиумите успеаја да го откријат. Тоа се Раул Асенсио (20), Алекс Алеман (18), Андреас Кампос (21) и Борха Алонсо (19). Се работи за играчи од Б и Ц тимот на Реал Мадрид, кои во моментов се зад решетки, а полицијата ја продолжува истрагата. Одреден им е притвор до следна одлука на судија.
Наводно снимката „кружела“ во екипата а на неа играчите имале односи со малолетничка. Фудбалерите биле пријавени на 6. септември на Канарските Острови од мајката на малолетничката, а вчера биле приведени во полиција. Според информациите, после вчерашниот тренинг на Реал Мадрид биле приведени и однесени на распит во полиција.
Мајката наводно изјавила дека еден од четворицата играчи на Реал Мадрид снимил сексуално видео, а потоа го споделил со другите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

