Викендов во Скопје беше спуштена завесата на државните првенства во снукер со чинот на свеченото проглласување на шампионите и доделување на победничкиот пехар.
Од оваа година првенството беше поделено во А и Б дивизија, што донесе концентрација на квалитетни мечеви. Во досега невидено „сценарио“ на државното првенство во А-дивизијата, каде што се играа четири турнири, по третиот од нив ситуацијата на табелата беше изедначена меѓу трикратниот шампион Берат Јашари и предизвикувачот Петар Панов.
На последниот турнир, Панов во полуфиналето беше поразен од Владо Матоски, додека Јашари стигна до финалето и со нова победа ја завери четвртата титула. Дополнително, Јашари оваа година го освои турнирот „6 црвени“ кој се игра во отворена конкуренција.
Куриозитет на сезоната во снукер е дека во младинското првенство двајца браќа се најдоа на првото и второто место, Теодор и Марко Величковски, а токму Теодор ја дополни својата најуспешна играчка сезона и со триумф во Б-дивизијата, па од идната сезона ќе игра во „елитното друштво“. Зад нив се најдоа Михаил и Теодор Спировски, исто така браќа, кои имаа најголем напредок во младинската конкуренција.
Најдобрите претставници играа на Европското првенство во Босна, каде што Влатко Јанев ја забележа и првата победа за Македонија, а со меѓународна лиценца се стекна и судијата Мартин Петрушевски. Судијката Ана Србиновска успешно полагаше за второ ниво на меѓународната лиценца, со што сега е во можност да суди и на финале од Европски првенства,
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА