Четвртина за историја: Дончиќ играше симултанка против Сан Антонио

Лука Дончиќ продолжи да испишува историја со извонредни игри на стартот од оваа сезона, со неверојатната прва четвртина во која Словенецот го предводеше Далас до победа против Сан Антонио.

Дончиќ играше симултанка во првите 12 минути што неговиот тим ги доби со 34-37, период во кој Дончиќ постигна 19 поени, надополнети со пет скокови и шест асистенции. Лука реализираше или асистираше во 35 од вкупно 37-те поени на својот тим.

Мечот беше неизвесен до самиот крај, но токму Дончиќ ја презеде одговорноста кога беше најзначајно и му ја донесе на Далас победата од 117-122, со вкупно 36 поени, 9 скокови и 11 асистенции.

 

Се вчитува...