Репрезентацијата на Мароко, која заврши на четвртото место на Светското првенство во 2022 година, официјално го обезбеди своето место на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Оваа селекција го победи Нигер со 5-0 во шестото коло од квалификациите за CAF и сега се осум бода пред второпласираната Танзанија, на два натпревари до крајот.
Головите кои го донесоа успехот на четвртата селекција во светот ги постигнаа Исмаел Саибари (29′, 38′), Ајуб Ел Кааби (51′), Игман Хамза (69′), како и Азедин Унахи (85′). Голема улога во успехот одигра и фактот што домаќините од Мароко имаа еден човек повеќе на теренот од 26-тата минута па натаму, кога Абдул – Латиф Гумеи беше исклучен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

