Чичарито е новиот голгетер на Севилја

Чичарито Ернандез е најновото засилување на Севилја, клубот што беше најактивен во овој преоден рок ангажирајќи дури 12 нови фудбалери. Челниците на клубот и тренерот Лопетеги се разочарани од Израелецот Дабур кој веднаш ќе го напушти клубот, а на негово место веднаш беше ангажиран искусниот Мексиканец како нова опција во нападот.

Чичарито пристигнува од редовите на Вест Хем, а англискиот премиерлигаш ќе заработи 7,75 милиони евра од продажбата на Мексиканецот. Новиот фудбалер ќе пристигне во Севилја во текот на денешниот ден, а по официјалната презентација веднаш ќе замине за Мексико приклучувајќи се на подготовките на националниот тим.

За 31-годишниот голгетер ова ќе претставува враќање во „Ла Лгига“, каде претходно го има носено дресот на Реал Мадрид, настапувајќи на 33 средби за „кралскиот клуб“ и постигнувајќи девет гола и девет асистенции.

Се вчитува...