Челси има само една победа на последните пет средби во Премиер – лигата, а неубедливите изданија продолжија и денеска на „Стемфорд бриџ“. Вест хем си замина со бод, играјќи 1-1 против актуелниот англиски првак, кој е се подалеку од пласман во ЛШ за следната сезона.
Цезар Аспиликуета во 36.минута донесе водство за „сините“ на овој меч, но тимот на Антонио Конте не успеа да го сочува до крајот. Хавиер Хернандез Чичарито доби шанса во второто полувреме во составот на Вест Хем и ја искористи на најдобар можен начин, постигнувајќи израмнувачки погодок во 73.минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА