Чичко Дончо ги доби најголемите овации од „Комитите“ кои создадоа извонреден амбиент… (ВИДЕО)

Актерите на терен не понудија којзнае што во дербито на 24. коло од Втората македонска фудбалска лига. Вардар и Гостивар одиграа без голови на дуелот, па останува трката за првите две позиции на табелата до крај интересна и натаму со само еден бод разлика меѓу водечката тројка.

Затоа, пак, во извонредниот амбиент на „Борис Трајковски“ во Маџари најголемите овации од „Комитите“ ги доби едно од најголемите имиња во историјата на македонскиот фудбал, и вардарова легенда, Андон Дончевски.

Популарниот Чичко Дончо денеска го изведе почетниот удар на натпреварот, а претходно од раководството на ФК Вардар и од „Комитите“ доби на подарок и два дреса со бројките „217“ и „87“… Првиот со бројот на постигнати голови за најголемиот македонски клуб, а вториот со бројот на годината (1987) кога е формирана најверната навивачка група на Вардар, „Комити – 87“, но и годината кога беше освоена единствената шампионска титула во поранешна Југославија…

Се вчитува...