На покана од ФК Вардар, а со помош и од ФФМ, како специјален и почесен гостин повикан е, и вчера во Скопје допатува, легендата на Македонскиот фудбал и на ФК Вардар Андон Дончевски.
Денеска, поранешниот фудбалер и тренер на „црвено-црните“ ги посети фудбалерите во тренинг кампот за да им даде поддршка пред вечерашново Куп финале.
За потсетување натпреварот меѓу Вардар и Струга ТЛ кој ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е закажан со почеток во 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА




