Чичкото на Новак Ѓоковиќ е нов претседател на тениската федерација на Србија

Чичкото на најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, Горан е нов претседател на Тениската федерација на Србија.

Така одлучи вонредното изборно собрание на ТФС што се одржа во Белград. Претходниот претседател Мирко Петровиќ се пензионираше по девет години на чело на ТФС.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите заа изборот. Моето искуство во тенисот е главно преку Новак, но седум години бев и на Србија опен и на Софија опен. Целта ми е да го подобрам она што почнавме да го правиме. Основата на се се финансиите. Му благодарам на поранешниот претседател .Мирко Петровиќ и, секако, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кои ни помогнаа да го решиме големиот финансиски проблем што беше пред нас. Немаме национален тренинг центар и сакам да кажам дека јас не би се кандидирал ни за оваа позиција доколку во се ја немавме поддршката од претседателот на Србија, Александар Вучиќ“, изјави Горан Ѓоковиќ.

Се вчитува...