Манчестер јунајтед постигна три гола за три бода на дербито со Арсенал, но исходот можеше да биде сосема поинаков доколку „црвените ѓаволи“ на својот гол го немаа Давид де Хеа.
Шпанецот уште еднаш покажа зошто Реал Мадрид е толку загреан за него и зошто важи за еден од најдобрите голмани во светот, откако за 90 минути игра на „Емирати“ нанижа дури 14 успешни интервенции, за двојно уривајќи го својот претходен рекорд од дербито со Челси. Особено импресивна беше двојната реакција при резултат 1-2, кога најпрвин извонредно го запре ударот на Лаказет, за потоа со нога да го спречи Алексис Санчез одбиената топка да ја смести во мрежата.
За големината на ова достигнување на Шпанецот најдобра потврда е фактот дека досега во историјата на Премиер-лигата само еден голман имал 14 успешни интервенции, и тоа Тимо Крул бранејќи ја мрежата на Њукасл, на дуелот против Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА