Чикаго булс не го сакаат Јанис Адетокумбо

Кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокумбо, планира да го напушти тој тим, додека Чикаго Булс не сакаат да го видат во своите редови. Јанис прво избриша сè што е поврзано со Бакс од социјалните мрежи, а потоа одигра само три минути против Детроит, поттикнувајќи гласини за размена.

Американските медиуми објавија дека Чикаго бил контактиран за потенцијална размена, но раководството на Булс ја отфрлило таквата идеја. Булс не сакаат да го разбијат младото јадро на тимот, што е стратегија за иднината на оваа франшиза.

Тие едноставно не се заинтересирани за Јанис, ниту за промена на насоката во која сакаат да одат.

Се вчитува...