Најзначајната размена на кошаркари за време на драфтот ја направија Чикаго и Минесота, при што „биковите“ останаа без својот најдобар кошаркар, Џими Батлер.
Одличниот поентер заврши во Минесота заедно со седмиот пик на драфтот, при што Чикаго за возврат ги доби Зек Лавајн, Крис Дан и правото да избира како 16. на драфтот. Минесота го искористи седмиот пик за да го доведе Финецот Лаури Марканен, додека Чикаго како 16. избор го ангажираше центарот Џастин Патон.
Батлер во последните месеци беше крајно незадоволен во Чикаго, но сепак впечатокот е дека „биковите“ премногу лесно се откажаа од својот најдобар кошаркар со кого имаа уште две години од договорот, а за возврат не добија играч што би можел достојно да го замени Батлер во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА