Чикаго ја продлабочи кризата на шампионот, Леброн го надмина Шекил О’Нил

Чикаго ја продлабочи кризата на Кливленд славејќи во синоќешната меѓусебна пресметка со 99-93. Ова е веќе трет едноподруго пораз на шампионот, повторно препуштајќи му го сега на Бостон првото место на Истокот.

Клучните моменти за победата на Чикаго беа во третата четвртина, кога и покрај негативата од девет поени на полувремето Булс одлично одиграа и пред последниот период заминаа со предност од 78-71. Кливленд се обиде да се врати, но не успеа.

Чикаго го предводеше Никола Миротиќ со 28 поени и 10 скока, а Џими Батлер дополни со 25 поени.

На Кливленд не му беше доволна ниту одличната партија на Леброн Џејмс кој постигна 26 поени, дополнети и со 10 скока. Сепак, Леброн по нешто ќе се сеќава на оваа вечер, а тоа е што успеа на вечната листа на најдобрите стрелци во НБА лигата да го престигне Шекил О’Нил.

Џејмс сега е на седмото место со 28.599 поени, а следна мета му е Дирк Новицки кој има 30.181 поен.

twitter_m

Портланд запиша нова победа, овој пат против Хјустон, и сега е поблиску до пласманот во доигрувањето. Нуркиќ беше најдобар играч на Портланд со 19 поени и 11 скока.

Jusuf Nurkić tri blokade vs Rockets (31.3.2017) by situacijeliga

Минесота на домашен терен запиша лесна победа против ЛА Лејкерс од 119-104. Минесота беше предводена од Рики Рубио со 33 поени, 10 асистенции и пет скока. Го следеше Карл-Ентони Таунс со 32 поени и 9 скока, додека Ендрју Вигинс запиша 27 поени.

Кај Лејкерси се издвои Џордан Кларксон со 18 поени, а Тарик Блек постигна 15 поени.

Се вчитува...