Кошаркарите на Чиакго ја надиграа Филаделфија и славеа со 109-102, продолжувајќи ја одличната серија на резултати во последниот период. Булс продолжија во победнички ритам, а ова за нив беше петти триумф во низа, со што ги зголемија шансите за пласман во плеј-офот.
Гостите водеа на почетокот на последната четвртина, но Чикаго успеа да направи пресврт и да ја оствари својата 15-та победа во сезоната. Заостануваа три поени на четири минути до крајот, но потоа со серија од 10-0, ги свртеа работите во своја корист.
Зак Колинс и Тре Џонс го предводеа Чикаго со по 15 поени, додека Коби Вајт додаде два поени помалку. Џош Гиди постигна 12 поени и запиша 11 асистенции, а Никола Вучевиќ постигна седум поени.
🔥🔥 FROM EVERY ANGLE. https://t.co/V9JZBCNPAf pic.twitter.com/WqqaHSvGAQ
— Chicago Bulls (@chicagobulls) December 27, 2025
Џоел Ембиид беше најефикасен играч за Филаделфија со 31 поен, додека Тајрис Макси заврши со 27 поени.
Лос Анџелес Клиперс ја забележаа третата последователна победа откако ги победија Портланд Треил Блејзерс со 119:103. По ужасниот почеток на сезоната, Клиперси полека почнуваат да се приближуваат кон местата што водат до плејофот. Најзаслужен за победата беше Џејмс Харден кој постигна 34 поени, додека Леонард постигна 28 поени. Авдија беше најдобар стрелец на Портланд беше Авдија со 29 поени.
James Harden scores 34 in LAC’s road dub 🔥
3 straight wins for the @LAClippers! pic.twitter.com/Apz8dXLjGn
— NBA (@NBA) December 27, 2025
НБА, РЕЗУЛТАТИ:
Атланта – Мајами 111:126
Индијана – Бостон 122:140
Орландо – Шарлот 105:120
Вашингтон – Торонто 138:117
Чикаго – Филаделфија 109:102
Мемфис – Милвоки 125:104
Њу Орлеанс – Финикс 108:115
Јута – Детроит 131:129
Портланд – ЛА Клиперс 103:119
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

