Чилаверт ја „зовре“ јавноста со нападот на Мбапе: „Тој кажува за вредности, а беше во врска со трансвестит“

Легендата на парагвајскиот фудбал, Хозе Луис Чилаверт се одлучи да го коментира инцидентот на натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, и го привлече светското внимание.

И Чилаверт повторно изненади многумина. Во моменти кога голем број аналитичари го осудија однесувањето на Џанлука Престијани и застанаа во одбрана на Винисиус Жуниор, Чилаверт со друг став.

„Се почна поради некаков наводен збор – мајмун. И повторно сите тензии ги почнува Винисиус. А, 90% од играчите на Реал се црни, како тоа никој нема проблеми, а Винисиус има проблем со сите?“ – истакна Чилаверт, кој не го поштеди и Килијан Мбапе кој претходно застана во одбрана на Винисиус.

„За какви вредности зборува Мбапе. Тој кажува за некакви вредности, а живееше со трансвестит. Тоа не е нормално. Секој може да прави што сака во животот, но не е нормално човек да живее со трансвести, а потоа да зборува за некакви животни вредности“ – истакна Чилаверт.

Како што е познато, во минатото Мбапе беше во врска со Инес Рау, трансродова жена.

Се вчитува...