Германија и Чиле се селекциите кои обездуваат пласман во полуфиналето од Купот на Конфедерациите, откако денеска беше комплетирана и групата Б со одигрувањето на средбите од третото коло. Чилеанците многу потешко од очекувањата стигнаа до виза за полуфинале, ремизирајќи 1-1 против Австралија. По 45 минути игра „кенгурите“ имаа предност од 1-0, резултат кој значеше полуфинале за нив, но погодокот за израмнување во 68. минута го постигна Родригез.
Chile 1-1 Australia | All Goals and Full… by footballvideostv1
Германците, кои настапуваат со втор тим на ова натпреварување, забележаа уште една рутинска победа, овојпат над Камерун со 3-1. Откако во првото полувреме не одиграа на посакуваното ниво, избраниците на Јоаким Лев блеснаа во преостанатите 45 минути, а во главна улога беше членот на Лајпциг, Тимо Вернер, постигнувајќи два погодоци за својата селекција. Еден гол, оној првиот за Германија беше дело на Демирбај, додека единствениот погодок за Камерунците го постигна Абубакар во 78. минута.
All Goals & highlights – Germany 3-1 Cameroon… by goalsarena2017
Така, во полуфиналните пресметки од Купот на Конфедерациите во Русија ќе се сретнат Чиле – Португалија и Германија – Мексико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА