Чилеанска компанија ќе ја тужи УЕФА, тврди дека им го украле проектот за новиот формат во ЛШ

Раководството на УЕФА се соочува со потенцијална тужба за повреда на авторски права . Чилеанската компанија „MatchVision“ тврди дека ја претставила нивната идеја за нов формат на Лигата на шампионите на УЕФА како своја.

Наводно, овој модел бил подложен на авторски права од компанијата уште од 2006 година. Компанијата тврди дека го презентирала концептот на неколку спортски саеми пред 12 години. Бара 20 милиони евра отштета.

УЕФА има рок да одговори за 20 дена, а спорот се води во Судот во Лозана, каде што се наоѓа и седиштето на УЕФА.

Се вчитува...