Шкендија веќе има убава предност против Вардар уште по првото полувреме во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига. Тетовци водат со 2-0 против „вардарци“ благодарение на двата погодоци на Чинари.
Најпрво, капитенот на тетовци Енур Тотре во 24. минута не успеа да реализира пенал, откако од белата точка шутираше само во гредата од голот на Гачевски.
Но, тоа што не му успеа на Тотре, го поправи Чинари кој постигна два убави гола за водство од 2-0 на Шкендија.
Најпрво во 36. минута круниса со гол една убава акција на својот тим…
А, потоа во 40. минута постигна евро-гол со шут од 20 метри за водство и од 2-0.
На денешните шест натпревари од 21. коло голови единствено има уште на дуелот во Ѓорче Петров каде Македонија ЃП поведе против Воска спорт со 1-0 со голот на Самир Фазли од 28. минута.
Но гостите израмнија на 1-1 со голот на Стијеповиќ во 45. минута.
Работнички, пак, пред самиот финиш на полувремето поведоа со 1-0 против Брегалница. Спектакуларен гол со ножички постигна Гандо Биала во 45. минута.
ПРВА ЛИГА – 21. КОЛО (прво полувреме)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 2-0
Чинари 36′, 40′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 1-0
Гандо Биала 45’+2
Гостивар: ГОСТИВАР – АП БРЕРА 0-0
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА СПОРТ 1-1
Фазли 28′ – Стијеповиќ 45′
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 0-0
Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

