Српскиот тренер Ѓорѓе Чирковиќ ќе го предводи Еурофарм Работник во новата сезона. Клубот на својот сајт официјално го потврди ангажманот на Чурковиќ. Договорот е потпишан денеска во Белград и според најавата Чурковиќ наскоро ќе допатува во Битола и ќе почне со подготовките на Еурофарм Работник за новата сезона. На клупата на битолскиот сушерлигаш тој ќе го наследи Илија Темелковски кој останува во клубот како советник и координатор.
„Клубот го потврдува договорот потпишан денес во Белград и со назначувањето на младиот српски стручњак го комплетира ростерот за следната сезона“ – потврдија од Еурофарм Работник.
Ѓорѓе Чурковиќ (43) е актуелен селектор на кадетската репрезентација на Србија, а во клупскиот ракомет ги предводеше екипите на Војводина, Железничар, Партизан, Илиопулис, Југович Каќ и на Констанца. Прогласен е за најдобар српски тренер во 2014 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА