Чиро Блажевиќ: Да ти е..м сојузот, мојот син Шукер не сака да ме види!

Поранешниот селектор на Хрватска, Мирослав Чиро Блажевиќ вели дека не сака да оди во Москва на финалето од Мундијалот 2018, затоа што таму Давор Шукер не сака да го види.

Блажевиќ, заедно со остатокот од стручниот штаб и екипата од тоа првенство, се повикани како гости да го гледаат финалето против „триколорите“ во недела. Но, Чиро вели дека нема да оди…

„Тоа е навистина убав гест од Златко Далиќ, но да ти е..м сојузот во кој Далиќ мора да дава такви идеи и покани. Јас знам дека Шукер, кој исто така е мој син, таму не сака да ме види па јас не сакам да му одам под нозе“ – вели Блажевиќ.

Тој дополнува дека, и покрај несогласувањето со раководството на ХНС, секогаш ќе биде со поддршка за репрезентацијата на својата земја…

„Нема да одам во Москва, но со целото срце сум со репрезентацијата. Навивам за нив и верувам дека можеме да ги срушиме тие Французи. Можеме да дојдеме до шампионската титула“ – вели популарниот Чиро.

Се вчитува...