Чиро Имоболе утрово бил учесник во страшна сообраќајна несреќа во која неговиот автомобил бил удрен од страна на трамвај блиску до стадионот на неговиот клуб. Заедно со фудбалерот на Лацио биле и неговите деца, но за среќа и покрај страшната слика истите не се повредени.
Со мали повреди завршиле неколку луѓе кои се наоѓале во трамвајот и истите се префрлени во болница каде се наоѓаат во добра состојба.
По целиот инцидент се огласи и Имобиле кој вели трамвајот не ги почитувал сообраќајните знаци, а и потврди мала повреда на раката.
„Трамвајот промина на црвено. За среќа добро сме, мене ме боли само раката“
Incidente #Immobile, il testimone: «Ho visto l’auto arrivare e poi lo schianto, tanta gente sul #tram, l’autista a terra» #Roma pic.twitter.com/3iDMZYmyCx
— AGTW (@AGTW_it) April 16, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА