Искусниот италијански напаѓач Чиро Имобиле, наскоро ќе го раскине договорот со Бешикташ, и би можел да се врати во италијанскиот шампионат. Преговорите за раскин на договорот се во завршна фаза, се бара најдоброто решение, а Имобиле бара помеѓу 2,5 и 3 милиони евра за да го раскине договорот кој му истекува за една година, и притоа би заработил 6 милиони евра.
Според италијанските медиуми, тимот на Болоња е заинтересиран да го врати поранешниот италијански репрезентативец во Серија „А“. Иако има 35 години, сепак, има уште многу да покаже.
Имобиле минатата сезона во Бешикташ постигна 15 голови на 30 натпревари. Болоња бара напаѓач по повредата на Далинга, и мора итно да најде напаѓач. Претходно името на Имобиле беше поврзувано и со Милан, но до тој трансфер веројатно нема да дојде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

