ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Ниту оддалеченоста од 900 километри од Македонија до Дебрецин, ниту пак лошиот пат и компликуваните завршни 250 километри од Сегедин до градот-домаќин на нашата група не ги запреа верните навивачи да дојдат за повторно да им дадат поддршка на своите миленици, на единаесеттото големо натпреварување во низа на кое учествува ракометната репрезентација.
„Фалангата“ заслужува чиста десетка за поддршката што им ја даде на играчите на денешниот дуел, не откажувајќи се и кога резултатот не ни одеше во полза.
Нема дилеми, Дебрецин ќе биде црвено-жолт град и в сабота, за кога е најавено доаѓање на уште најмалку 200 фанови, кои ќе го искористат викендот за да дојдат и да им дадат поддршка на ракометарите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА