Чиста магија: „Слалом“ на Карлос Вела – гол на кариерата (ВИДЕО)

Мексиканскиот фудбалер Карлос Вела игра во најдобра форма во кариера. И покрај одличните настапи во Европа во минатото, се чини како врвот да го достигна во МЛС лигата.

Мексиканецот е најдобар стрелец во лигата со дури 26 постигнати гола по исто толку одиграни натпревари. А дека ова е негова година покажа и утрово со извонредниот погодок против Сан Хозе. Во победата на неговиот Лос Анѓелес ФЦ постигна два гола од кои овој вториот може без сомнение да се издвои како еден од неговите најубави во кариерата…

 

Се вчитува...