„Чистка“ во Арсенал: Артета ќе се ослободува од дури седум играчи, за да собере пари за стопер

Арсенал до крајот на преодниот рок ќе продаде дури девет фудбалери, откриваат англиските медиуми. Целта на клубот е да дојде до повеќе од 115 милиони евра, а потоа да се обиде да донесе силно име на стоперската позиција која сега е ослабена со повредата на Тимбер. Најголема желба на клубот е стоперот на Кристал Палас, Марк Гуехи.

Менаџерот на „топчиите“, Микел Артета јасно даде до знаење на кои играчи нема понатака да смета оддалечувајќи ги од тренингот со остатокот од томот.

Тимбер пристигна во овој преоден рок, Арсенал го плати 40 милиони евра на Ајакс, но веднаш се повреди поради што сега мора да следи негова замена. Токму затоа ќе се собираат пари за негова замена со продажба на Кјеран Тирни, Алберт Самби Локонга, Нуно Тавареш, Фоларин Балоган, Роби Холдинг, но и Николас Пепе и Седрик Соарес.

 

Се вчитува...