Во Воска Спорт на зима ќе има многу промени во играчкиот кадар. Доказ за тоа е дека за еден ден екипата од Охрид се реши да се раздели со дури шестмина играчи, и тоа дел од нив и стандарни првотимци.
Така во пролетниот дел од сезоната, дресот на Воска нема да го носат голманот Хадис Велии, потоа фудбалерите Фатих Исмаили, Бесар Исени, Александар Ѓорѓиески, Бујар Хајдари и Сикиру Олатубосун.
Воска на сите овие им се заблагодари на досегашната соработка, и им посака успех во понатамошните кариери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА