„Читав за долговите на Барса и за малку ќе се задавев“

Барселона е еден од клубовите кои е најпогоден од коронавирусот, а финансиските потешкотии на каталонскиот состав ќе остават долги последици во преткратниот европски шампион. Свое видување за целата ситуација во Барселона имаше и претседателот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге.

„Клуб како Барселона нема да потоне, најмногу поради огромната вредност која ја имаат за регион како Каталонија, во секој случај, длабоко во себе жалам за ситуацијата во која се соочуваат на ваков начин. Ние во Баерн Минхен продолжуваме со тоа да бидеме вистински пример за останатите, ако земеме во предвид тоа што се случува во Барселона или Италија, каде платите некаде воопшто не се ни исплатуваат, тука, ние и натаму притискаме на спортски успеси од една страна, а се грижиме и за економската стабилност од друга страна“ – изјави првиот човек на баварскиот гигант.

Покрај тоа германската фудбалска легенда откри и еден интересен детал…

„Читав за долговите на Барселона додека појадував и за малку ќе се задавев. Доколку Баерн Минхен имаше такви долгови, верувајте дека не би можел да спијам мирно навечер, меѓутоа не верувам дека нешто драматично би можело да се случи“ – додаде Румениге.

Се вчитува...