Чкембари бесни на Ангеловски: Образ имате? Достоинство? Ако имаше доблест, ќе си заминеше сам…

Навивачката група „Чкембари“ преку писмо на социјалните мрежи го изрази своето незадоволство од тренерот на РК Е. Пелистер Бранислав Ангеловски.

Многумина очекуваа Ангеловски да добие отказ по слабиот старт на сезоната што кулминираше со поразот од Вардар, а „Чкембари“ не го кријат разочарувањето од случувањата во битолскиот ракометен колектив.

Соопштението на битолската навивачка група го пренесуваме во целост:

„Се чувствуваме повикани од последната изјава на тренерот на нашиот клуб.

Ако после две изгубени финалиња (Куп,Супер Куп) и двата последни изгубни дерби дуели со најлутиот ривал, кој е со помал буџет но и со тренер аматер и играчи берени од аматерски клубој низ европа не е трагично, тогаш шо теба да дојди за да биди трагично ? Уште еден кикс и пропадната сезона ? На пријателска утакмица реми со ривалот е трагедија, а не пораз! Да не навлегваме јавно односот играчи/тренер, сите сме свесни зошто се играчите надвор од форма зошто играт вака, исто сите знајме дека имат многу поголеми квалитети и срамота е со овај ростер и со овај буџет да ги изгубиме 2те финалиња и 2та дерби натпревари, не можи играчи кој имат искуство во лига шампиони и ехф лига да бидат под ниво на секоја битна утакмица и да не можиш да извајш од нив ни 50%. Да дајш ваква изјава треба да немаш осет и да не го чуствуваш клубот како твој, ако тебе ти значи нешто Пелистер тогаш ке имаше доблест и уште после дербито сам ке си заминеше од клубот, а не да даваш вакви бесмислени изјави како не било трагично ! Абе ОБРАЗ ИМАТЕ ? ДОСТОИНСТВО ?

Ова е ПЕЛИСТЕР не е мулти есенс па да не биди трагично, секој изгубен бод секој пораз на нашиот Пелистер е поќе од трагедија за нас!

ОДГОВОРНОСТ !!!

Се вчитува...