„Чкембари“ револтирани на Брера: „Не разбираме како Пандев може да дозволи такви одлуки…“

Најверните навивачи на Пелистер, популарните „Чкембари“ преку соопштение искажаа револт поради забраната за нивно присуство на вчерашниот натпревар против АП Брера во Струмица во 8. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Чкембари“ непосредно пред мечот добиле известување дека Брера повеќе нема да прима гостински навивачи до крајот на сезоната, поради лошо досегашно искуство со навивачките групи.

„Од сељаците во вашиот клуб не очекуваме да имате разбирање за публика и навивачи оти истите вие воопшто ги немате. Но не можеме да разбериме како Пандев кој бил дел од неколку светски клубови да дозволи вакви одлуки да носи неговиот клуб. Дали е за него замисливо вакви забрани да добијат за патување низ Италија навивачите на Интер, Наполи, Лацио… Зборуваме за 50 фудбалски навивачи кој сакаа своето слободно време да го поминат бодрејќи го својот клуб, стотина километи од својот град. Зборувајте ни потоа за развој на фудбалот и за полни спортски трибини… Стоп за забраните за гостински навивачи“ – се вели во соопштението од „Чкембари“.

Се вчитува...