Навивачката група на Пелистер, „Чкембарите“ е револтирана по денешниот дебакл на нивниот клуб во 2. коло од Втората лига Запад. Пелистер во Битола загуби од новиот второлигаш Генч Калемлер со убедливи 1-4.
„Чкембари“ сега преку реакција до јавноста прашуваат кога локалните власти ќе помислат на клубот, кога ќе почне да се бара вистинско решение за ФК Пелистер?
„Ало, општински власти, дали се слушаме? Спортот ви беше главна тема на критика се додека не стапивте на власт и сега шо прајме? ФК Пелистер губи со 1-4 дома од чкљ екипа, шо е проблемот? Ќе чекаме референдумот да помини за решение да изнајдиме? А дотогаш срамот ќе си го кркаме?“ – прашуваат револтирано „Чкембарите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА