„Чкембари“: Сите, еден по еден, ќе одговарате за ова што му го направивте на ФК Пелистер!

Најверните навивачи на Пелистер, „Чкембарите“, поради целокупната ситуација во која е западнат клубот веќе неколку натпревари не го бодрат тимот.

„Чкембарите“ пред одржувањето на финалето од Купот на Македонија против Шкендија, револтирани од состојбите во клубот и се поизвесното испаѓање на „зелените“ од прволигашката конкуренција, преку соопштение до јавноста испратија порака до поранешните и сегашните локални власти и поранешните сопственици: Пелистерка, Орка Холдинг и ЗИК Пелагонија…, дека еден по еден ќе одговараат за уништувањето на еден од најславните македонски фудбалски клубови.

СООПШТЕНИЕТО ОД „ЧКЕМБАРИ“ ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Навивачката група Чкембари веќе неколку натпревари не го бодри ФК Пелистер од трибините а и во иднина нема да се појавува поради незадоволство од тоа како работи управата на клубот.

Назначување на директори и фудбалски работници кој немаат никаква организациска способност и знаење за таа функција. Носењето на играчи по пријателска линија кој во втората и третата лига ја греаа клупата а во Пелистер се првотимци. Нивниот интерес само да добиваат државна плата без разлика дали водат прволигаш или второлигашки клуб го донесоа клубот до амбисот.

За прв пат во историјата на Пелистер, младинските школи испаднаа од Првата лига. Само пред неколку години школата на Пелистер важеше за една од најголемите расадници на фудбалски таленти а денес уништена како никогаш претходно. Последните информации што ги добивме се дека клубот е тужен преку ФИФА од неколку поранешни фудбалери, и дека долговите во меѓувреме пораснаа за 100%. Ако биле зимоска 200.000 евра денес се близу 350/400.000 евра.

ПОРАДИ ВАШИОТ ИНАЕТ ДА НЕ СОРАБОТУВАТЕ ЕДНИ СО ДРУГИ, поради суета или политичка нетрпеливост клубот го донесовте до пред згаснување. Локална самоуправо, вас ве ставиле во тие фотејли да ги решавате проблемите а не да се жалите на нив и да барате алиби. А вие Пелистерка, Орка, ЗИК Пелагонија…. ИМАЈТЕ МАЛКУ ОСЕТ И ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ!!!

Сватете го како сакате следното: ОД СИТЕ ЕДЕН ПО ЕДЕН ЛИЧНО ЌЕ БАРАМЕ ДА СНОСИТЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ТОА ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО ФК ПЕЛИСТЕР!!!!

Се вчитува...