Чкембари со апел: Средете ја салата, за Пелистер да не игра надвор од Битола

Најверните навивачи на Пелистер, популарните „Чкембари“, се јавија со апел до Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, барајќи од неа да стори се што е во нејзина моќ за да се „нашминка“ салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Во овој град повторно почнува да владее ракометна еуфорија откако Пелистер почна да создава силен тим, но „Чкембари“ предупредуваат дека поради заострените критериуми од ЕХФ лесно може да се случи салата да не добие „зелено светло“, па „пелистерци“ да бидат принудени своите натпревари како домаќини во европските купови да ги играат во друг град.

Соопштението на навивачката група од Битола го пренесуваме во целост:

Еден АПЕЛ до општина Битола, и до градоначалникот на Битола, Наташа Петровска.

Почитувани, најдобронамерно и најискрено Ве замолуваме, ДА ГИ РАЗГЛЕДАТЕ минатонеделните услови кој Европската ракометна федерација ги постави за тоа што се треба да поседуваат салите домаќини на европските натпревари. Нашата сала дел од тие технички побарувања НЕ ГИ УСПОЛНУВА. Денес сме 11-ти Мај, имате доволно време да обезбедите финансиски средства за да се отстранат техничките недостатоци. Доволно време да објавите тендери, жалбени постапки… итн. Имате време, АКО тоа започнете да го реализирате ДЕНЕС!

Еурофарм Пелистер, деновиве сведоци сме дека одвојува и милионски(евра) суми да направи тим каков што заслужуваат Битола и Пелистер. Фер е како партнери да им овозможите тоа што е во ваша надлежност да имаат можност да играат во Битола. Да не биде утре касно и да трчаме во 5 до 12 да бараме кој е виновен што нема да смееме да играме во Битола.

Се вчитува...