Еурофарм Пелистер ја заврши 2025 година со убедлива победа над Тиквеш со 29-21 во последниот натпревар од есенскиот дел на Суперлигата. Ова беше прв меч за битолчани по контроверзниот пораз од Охрид, по кој следеше инцидент во кој крилниот играч Дејан Манасков физички се судри со помошниот тренер на ривалот, Крсте Андоновски.
Поради тој инцидент, Ракометната федерација на Македонија му изрече суспензија од три месеци на Манасков, што значи дека тој нема да настапи до почетокот на пролетниот дел. Во атмосфера полна со емоции, навивачката група „Чкембари“, иако во скромен број, го поддржа Манасков.
Тие развија транспарент со порака „Дејан, со тебе сме“, на што суспендираниот ракометар, кој го следеше натпреварот од трибините, одговори со срдечен аплауз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

