Неприсуството на скопските навивачки групи „Фемили Аеродром“ и „Сити Парк Бојс“ на полуфиналето меѓу МЗТ Скопје и Работнички за жал беше главна вест во текот на денешниот ден од завршниот турнир во Купот на Македонија.
И додека вината се префрла на двете страни, навивачката група „Чкембари“ од Битола реши да се солидаризира со скопските фанови.
Како што најавија, Чкембари воопшто не навиваа за Пелистер во првата четвртина од мечот со Еуро Никел,а на нивната трибина се појави и транспарент: Спортот е за навивачите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА