„Чкембари“ влегоа во сала, полицијата веднаш со полни раце работа (фото)

Атмосферата во „Јане Сандански“ на ракометното дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е „жешка“, а веднаш по пристигнувањето на гостите од Битола на трибините дојде и до мал инцидент.

Имено, десетина членови на „комити“ се приближија до трибината каде се сместени „чкембарите“ при што зовреа страстите, по полицијата мораше веднаш да реагира за да не дојде до уште посериозен проблем.

Страстите се смирија, па двете навивачки групи продолжија со бодрење на своите миленици кои на теренот водат беспоштедна битка. По едно полувреме игра, Еурофарм Пелистер има минимално водство против Вардар од 11-12.

Се вчитува...