Се поизвесно е дека Летните олимписки игри во Токио ќе бидат одложени за 2021 година поради пандемијата од коронавирусот. Деталите околу одложувањето ќе бидат познати следниот месец, наведе членот на ИОК Дик Паунд за американските медиуми.
„Врз основ на сите информации кои во моментов ги поседува ИОК, готово е одлучено игрите да се одложат. Деталите се уште не се дефинирани, но игрите нема да почнат на 24. јули. Сите детали ќе ги дознаеме во фази. Ќе ги одложиме игрите и полека ќе почнеме да се носиме со сите последици кои ќе ги донесе нивното одложување“, изјави Паунд.
Деталите и официјалното соопштение ИОК наскоро ќе ги објави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА