Пандемијата на коронавирусот ја пустоши Европа и од ден на ден е се поголем бројот на смртни случаи. Најчесто умираат лица кои се постари и кои претходно имале озбилни проблеми со здравјето. Меѓу починатите во Шпанија е и член на семејството на фудбалерот на Реал Мадрид, Начо Фернандез. Трагичната вест за смртта ја потврди братот на Начо, Алекс кој настапува за Кадиз.
„Поминувам низ ова како и сите останати. Чудно е, но гледаме да поминеме низ се ова со семејството и се носиме како знаеме и можеме. Член на нашето семејство почина. Смртта навистина не погоди“, изјави Алекс.
Во Шпанија се регистрирани повеќе од 20.000 случаи на коронавирус, а веќе има починато повеќе од 1.000 лица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

