Петар Спасеновски и Петар Заборски, од карате клубот „Макпетрол” ќе ја претставуваат Македонија на престижната Светската 1 Премиер карате лига која од утре ќе се одружува во Париз, Франција.
Репрезентативецот Петар Спасеновски, кој има исполнета норма за учество во Париз, ќе настапи во категоријата (-84 кг), додека Петар Заборски, иако во моментов е најдобро рангиран македонски каратист на светската ранг листа, на овој турнир ќе биде во својство на тренер, бидејќи сеуште се опоравува од повредата здобиена на светската лига во Салцбург.
Во моментов каратистите на Макпетрол, се единствени македонски каратисти во машка конкуренција, кои имаат обезбедено норма да бидат во ТОП 32, рангирани каратисти на ранг-листата на ВКФ (Светската карате федерација), што е примарен предуслов за учество на ова престижно натпреварување. Во Париз учествуваат вкупно 380 каратисти од 70 држави, по 32 спортисти во секоја тежинска категорија.
Натпреварите започнуваат утре (24 јануари), а завршуваат во недела (26 јануари). Во Премиер-лигата настапуваат 32-најдобри натпреварувачи во светот во секоја тежинска категорија. Во елиминацискиот дел секој спортист има три задолжителни борби во својата група. Потоа само прворангираниот во групата ги продолжува борбите во четвртфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА