Австрискиот ски-скокач Даниел Чофениг е победник на Новогодишната турнеја четири скокалници. До победата во најнеизвесното издание на легендарната турнеја, Чофениг стигна благодарејќи на победата во Бишесхофен.
Пред последниот настап тој и неговите двајца сонародници, Штефан Крафт и Јан Херл влегоа во разлика од 1,5 поен, а иако по првиот скок денеска Чофениг беше дури шести, со неверојатен скок во втората серија од 140.5 метри на крајот славеше на новогодишната турнеја.
Второто место му припадна на Јан Херл, додека подиумот го надополни третиот Австриец, Штефан Крафт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА