Извонредни ски-скок натпревари на втората станица од 73.издание на Новогодишната турнеја во Гармиш-Партенкирхен.
Даниел Чофениг триумфираше преземајќи го првото место во вкупниот пласман од Стефан Крафт, притоа искачувајќи се и на лидерската позиција во Светскиот куп. Мајкл Хајбек, пак, го надмина достигнувањето на Давид Кубацки и постави нов рекорд на скокалницата од 145 метри.
Чофенинг победи со скоковите од 141,5 и 143,5 метри и стигна до 298,8 поени. Второто место со 290,3 поени го освои Швајцарецот Дешванден, додека трет беше Австриец, Михаел Хајбок. Словенецот Анже Ланиншек го освои четвртото место.
По натпреварите во Оберздорф и Гармиш, првото место во поредокот на турнејата го презеде Чофениг (622,5), пред Јан Херл (614,6) и Штефан Крафт (613,8). Чофенинг е прв и во Светскиот куп со 796 бодови, два повеќе од Германецот Пиус Пашке, додека на третото место е Австриецот Јан Херл со 756 бодови.
The 𝗡𝗘𝗪 𝗛𝗜𝗟𝗟 𝗥𝗘𝗖𝗢𝗥𝗗 in Garmisch-Partenkirchen 🔥 Sensational jump from Michael Hayboeck 🇦🇹🚀#fisskijumping #4hills pic.twitter.com/cWauDLWdMu
— Viessman FIS Ski Jumping World Cup (@FISskijumping) January 1, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА