Австрискиот ски-скокач Даниел Чофениг е победник на натпреварувањето во Светскиот куп во Закопане, Полска.
Чофениг, кој годинава славеше на новогодишната турнеја, ја забележа петтата победа на Светското првенство во Закопане.
Победи со скокови од 136 и 139,5 метри, односно со 316,7 поени.
Второто место му припадна на Норвежанецот Јохан Андре Форфанг со 7,3 поени заостанување зад победникот (скокови од 137 и 136 метри), додека Австриецот Јан Херл го освои третото место со 7,4 поени зад Чофениг (136 и 140 метри).
Словенецот Анже Ланишек, кој водeше по првата серија (скок од 145 метри), заврши на четвртото место со 305,2 поени.
Во генералниот поредок по 15 натпревари води Чофениг со 1.056 бодови, втор е Херл со 976, а трет е Германецот Пиус Пашке со 848 бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА